Жбогар се надева дека ќе се постигне договор за СЈО

Евроамбасадорот Самуел Жбогар се надева дека партиите ќе постигнат компромис за СЈО со што во јуни  ќе се отвори пат за отпочнување  прговори за Членство во ЕУ.

“СЈО покажа големи достигнувања ,и за нас како ЕУ и за сите земји ќленки е важно  да се знае  дека СЈО треба да продолжи со својата работа   и да покаже уште поголеми достигнувања за судските предмети. Ние се надеваме и очекуваме дека сите партии во Парламентот ќе најадат начин да му овозможат на СЈО да ја продолжи работата” – порача Жбогар.

И покрај повикот од меѓународните претставници, Лидерот на опозициската Вмро ДПмне Христијан Мицкоски вели дека нема никаков напредок во преговорите на работните групи, а виновна за тоа според него е Министерката за правда Рената Дескоска која не знаела како да го менаџира целиот процес.

Од министерството за правда се децидни дека амнестија за криминал нема да има и дека е неприфатливо барањето на ВМРО-ДПМНЕ да сопрат сите истраги кои се покренати 18 месеци по формирањето на обвинителството.

Законот носи силни последици за сторителите на кривични дела.

Едноставно, тежината е во тоа што тој тангира голем број страни од кои се очекува поддршка во Собранието со цел отпочнување преговори со ЕУ, потенцира Министерството за правда.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ