Жбогар против ветинг во судството, Заев за проверка на имотот на судии и обвинители

Европската унија смета дека ветингот во судството е последно решение од кое во мементов потреба нема.

Со ваква изјава излезе денеска евроамбасадорот самуел жбогар по средбата со претседателот на уставниот суд Сали Мурати.

Според евроамбасадорот состојбата во судството и не е така лоша, а судиите сами треба да си ги решат проблемите.

Изјавата на Жбогар доаѓа на само еден ден откако премиерот Зоран Заев ги повика институциите да ги проверуваат судиите и обвинителите.

Тој и денеска ја повика антикорупциската комисија финансиската полиција, мвр да почнат да го истражуваат капиталот имотот и парите на судиите, обвинителите и нивните семејства.

Денеска се огласија од антикорупциска од каде велат дека од следната година ке ја започнат проверката.

 “Подготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек. Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година – соопшти антикорупциската комисија.

Сепак проверката на имотот нема да биде класичен ветинг, кој првично беше најавуван како можно решение. За тоа ќе треба да се донесат закони и измени со двотретинско мнозинство. Се поизввесно е дека тоа нема да се случи пред изборите во април.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ