Жбогар: Продолжете со реформите

Европската унија препорачува: реформите да продолжат, институциите да бидат независни, а сите граѓаните да почувствуваат како се менува нивниот живот. Евро амбасадорот Жбогар, презентирајќи го последниот извештај и „чистата препорака“, најави дека ЕУ цврсто останува зад слоганот  „ЕУ за вас“.

Се израдувавме и ги примивме пораките, рече премиерот Заев. Најави продолжување на реформската политика и заеднички план 18.

Европа е отворена. Оние земји од Балканот кои ќе се квалификуваат до 2025, може да се надеваат дека ќе станат членки две години подоцна, вели експертот за овој регион Даниел Сервер.

„Колку неверојатна можност претставува ова? Ќе биде тешко да се влезе во ЕУ зашто ништо не е гарантирано, но тоа е и неверојатна можност за вашата земја да стапи на патеката за членство во ЕУ и во НАТО“, изјави Сервер.

На седницата на Комисијата за европски прашања, во присуство на бројни надворешни гости, сите партии го поздравија Европскиот извештај.

Заради лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, изолацијата и безнадежноста, бевме заробена држава, но ние заслужуваме да живееме во нормална држава, возврати СДСМ. БЕСА и ДУИ тврдија дека безрезервно стојат зад европските реформи.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ