Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Посетата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на Скопје, претставува порака самата по себе. Тој ја почнува турнејата низ земјите од западен Балакан и прва негова постојка е токму Скопје.

– Од друга страна познато е дека ЕУ е тука за вас. Европската комисија на многу јасен начин спомна во стратегијата дека местото на земјите од западен Бакан е во ЕУ. Неговата порака е охрабрувачка да ги забрзате реформските процеси со што ќе го скратите патот до ЕУ, изјави Жбогар.

Посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

Жбогар порача дека задачата останува на политичките лидери во Скопје да ги направат вистинските напори, да ги забрзаат активностите, реформските процеси за да граѓаните ја искористат понудата на ЕУ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ