
Жбогар не сака да коментира за новата методологија за проширување, високата политика да се остави на Брисел
Евроамбасадорот Жбогар не сака да коментира кога ќе биде готова новата методологија на предлог на Франција за проширувањето на ЕУ.
Смета дека високата политика треба да се остави во Брисел, но истакнува дека европската делегација која е во Македонија останува тука, без оглед дали Македонија добила или не датум за почеток на преговорите со унијата.
Жбогар додаде дека Европа е тука и со своите нови и идни фондови, посебно во општините. Поради тоа, рече дека е потребна поддршка од локалната заедница за и во општините да се спроведат европските вредности.