
Жбогар: Македонија конечно ја надмина политичката криза
„Имаме чиста, неусловена препорака, и тоа е охрабрување“. Со овие зборови евроамбасадорот Самуел Жбогар ја најави препораката од Европската комисија за старт на преговори со земјава. Жбогар презентирајќи го детално Извештајот за нбапредокот на Македонија рече дека земјата кончено ја надмина политичката криза од 2001 година пред се со справување на новата реформска влада со заробената држава преку воспоставување на систем на контрола и баланс, преку јакнење на демократијата и владеењето на правото.
Во извештајот за Македонија во делот на политичките критериуми се наведува дека Собранието продолжило да функционира, при опозицијата претседаваат со главните комисии. Парламентот треба да ги засили своите надгледувачки и законодавни функции, вклучувајќи го тука и ограничувањето на обемного користење на скратените процедури.
Во делот на реформите на јавната админситрација се наведува дека земјата е умерено подготвена.
„Потребна е силна политичка посветеност за да се гарантира професионализација на јавната администрација особено во делот на именувањето на виоски раководни позиции и почитување на принципот на транспарентност, заслуги и еднаква застапеност, што останува суштинско “, изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор во Македонија.
Судството доби подобра оценка. Постигнат е дореден степен на подготвеност и добар напредок е направен во последниот период на набљудување. Назадувањето од изминатите години полека се покрива со одлучни потези во последните месеци, особено во поглед на враќање на независноста на судството. Според Комисијата земјата усвоила кредибилна реформска стратегија која ги поставува основите за понатамошни реформи на ова поле.
Во борбата против корупцијата змејата постигнала одредено ниво, но оти корупцијата во одредени области останува сериозен проблем. „Постои законска и институционална рамка, како и евиденција за превенција и гонење, но конечните судски одлуки за случаи на корупција на високо ниво и понатаму се ограничени“, се наведува во извештајот.
Македонија е пофалена во делот на добрососедските односи. Се наведува дека биле преземени одлучни чекори за подобрување на добрососедските односи, вклучувајќи го тука и стапување на сила на билатералната спогодба со Бугарија.
„Прашањето за името мора итно да се реши“, рече изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор во Македонија.
Сепак Жбогар не сакаше да шпекулира што ќе се слуќи со препораката доколку не се реши спорот.
„Ние ќе го преминеме мостот тогаш кога ќе дојдеме до него. Да одиме чекор по чекор. Има чиста препорака и двете земји преговараат за името, ајде да почекаме и да видиме како тие преговори ќе течат со надеж дека ќе донесат резултат. Мислам дека имаме уште неколку месеци додека земјите-членки одлучат за пристапните преговори.. Уште имаме време и да не брзаме со шпекулации“, рече изјави Самуел Жбогар, евроамбасадор во Македонија.
Евроамбасадорот денеска опрезентирајќи го детално озвештајот за земјава рече дека нема време за опуштање и оти реформите мора да продолжта со заеднички напори на сите.
Тамара Грнчароска