Жбогар: Ќе пратите лоша порака до ЕУ ако не го усвоите законот за ЈО

Евроамбасадорот Жбогар апелира пратениците да вложат напори , со консензус и во законска процедура да го донесат законот за јавно обвинителство.Иако тој не е услов за ЕУ, сепак ќе биде позитивен пример за промена на државата.

ВМРО ДПМНЕ бара закон со кој ќе се почитува правдата.

Власта во трка за обезбедување на 80 гласови. Од Министерството за правда велат дека текстот на законот ќе го достават до владата само доколку има согласност. Техничкиот премиер Оливер Спасовски е подготвен да свика владина седница во кое било време.

Собранискиот спикер Талат Џафери нема да дозволи Собранието да се претвори во театар.

Џафери вели дека роковите мора да с епочитуваат а на 12 февруари ќе ја стави на дневен ред иницијативата на ВМРО ДПМНЕ за распуштање на Собранието.

Јулијана Пешевска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ