
Жан Моне ќе се одржи во мај
Процесот ,,Жан Моне,, се одложува за мај, соопшти Канцеларијата на европратеникот Иво Вајгл. Ова велат се прави од организациони причини. Средбата која беше иницирана од тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Флекенштајн се одлага по втор пат.
Процесот првично требаше да се одржи во Париз кон крајот на јануари, но поради неможноста на опозицијата да присуствува таа беше одложена. Неодамна при средбата на европаратениците со собранискиот спикер Талат Џафери беше договорено политичкиот дијалог наместо во Париз да се одржи во Охрид од 15 до 17 март.
Беше најавено и присуство на еврокомесарот Јоханес Хан.Ќе успее ли третиот обид политичките партии да седнат на заедничка маса и да ги усогласат сите отворени прашања околу Деловникот за работа на Собранието и етичкиот кодекс. Секоја партија има изготвено свои предлози кои ќе треба да ги достават до канцеларијата на ЕУ во Скопје.Работните групи интензивно заседаваат.
Сите парламентарни политички партии најавија учество. ВМРО-ДПМНЕ предлага пратенички имунитет да може да се одземе со двотретинско мнозинство наместо со 61 глас, да се дефинира кои критериуми се неоходни за носење закони со европско знаменце како и да се прецизира кои закони може да се носат по скратена постапка.
Ќе се бара одговорност за претседавачот на комисијата или пленарната седница доколку се прекршат деловничките процедури. Високи партиски извори од Вмро Дпмне брифираат дека тие ќе побараат поголемо собраниско обезбедување и целосна независност на собранискиот буџет.
Со свои предлози за измени на Собрансикиот деловник ќе настапи и власта. Од една партија да нема повеќе пратенички групи, да се зголемат ингеренциите на потпретседателите, да се огранич и времето за одговор на премиерот и министрите за пратеничките прашања а конститутивната седница за избор на влада да трае 48 часа. Теми на дискусија ќе бидат и реформските закони како и извештајот на Прибе.
Јулијана Пешевска