
Жан Митрев Клиника одбележа 18 години
Милион и петстотини илјади третирани пациенти и над триесет илјади направени операции на пациенти од цела Европа, се бројките кои ја одбележаа 18 годишнината од Жан Митрев Клиника. Во присуство на вработени, политичка и дипломатска елита, како и пријатели им се презентираа сите достигнати резултати, предизвици и идни стратегии за Клиниката.
„Во 2000 година ги поставивме темелите на современите медицински услуги преку Специјалната Болница по хируршки болести „Филип Втори“ која ја конципирав како модерна единица за интензивна нега со врвна функционална операциона сала во тоа време. Од 2003-та година горди сме што ја направивме првата операција на отворено срце на буден пациент, за што во 2004 –та година болницата доби високо меѓународно признание. Година дена подоцна започнавме и со третман на вродени срцеви заболувања.“ изјави д-р Жан Митрев.
Како врвна здравствена установа претставува софистициран центар со најсовремена дијагностика во повеќе области од медицината, подржана со модерна хирургија, анестезија и единица за интензивно лекување. 2008 година се отвори модерен дијагностички центар и започна нова ера на современа компјутерска дијагностика за рано откривање не само на каротидната болест и мозочниот удар , на периферната васкуларна болест и настанување на гангрената, туку и за рано откривање на ракот.
На 01.03.2016 година се отвори новата болница во која започна нов концепт во медицината-персонализирана медицина базирана на генетската предодреденост на секоја индивидуа.
„Знаејќи дека својот успех го должиме на довербата и лојалноста на нашите клиенти и на пошироката заедница во која дејствуваме, својата благодарност постојано ја изразуваме преку општествено одговорни активности, како и преку поддршка на спортот, образованието, културата и уметноста“, нагласуваат од клиниката.