
Жалбите за притворите на Мијалков, Јанакиески и Божиновски идната недела пред Апелација
Дали екс директорот на УБК Сашо Мијалков ќе остане во Шутка, Апелација ќе одлучува следната недела откако ќе одржи јавна сендица по жалбата за притоврот.
Следнава недела во вторник и четврток од истражниот затвор во Шутка, Мијалков треба да биде спроведен и на рочишта за Титаник 2 и Трезор.
СЈО побара негово притворање по добиени оперативни сознанија дека постои опасност од бегство но и врз основа на допис од управата за финансиско разузнување дека имаат сознанија дека Мијалков поседува 11 милиони евра на две сметки кои не се на негово име.
Вчера адвокатскиот тим реагираше дека притворот е незаконски и политички. Негираат дека нивниот клиент има поврзаност со 11-те милиони евра и побараа од судот и од СЈО јавно да ги обелоденат наводните докази за кои адвокатите се сомневаат дека не постојат.
Од Кривичен велат- тие докази се дел од истражна постапка и не се јавни. За евентуално обелоденување велат може да одлучи СЈО кое ја води постапката.
Утре пак скопска апелација ќе одржи јавни седници и за притворите на екс функциоонерите од ВМРО ДПМНЕ Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски. Од ВМРО ДПМНЕ побараа Апелација да ги земе предвид аргументите на одбраната и да им го укине притворот.
На прашањето за тоа дека не бараат укинување на притворот на Мијалков од партијата велат дека, раководстовто на партијата со Мијалков подолго време нема комуникација и не ги знаеле деталите за неговото приведување.
Од СДСМ велат, власта не се меша во судството.