Жалбите за 27 април Апелација ќе ги разгледува во среда

Скопска апелација за следнава недела ја презакажа јавната седница за 27 ми април. Определени се три дена за одржување на седницата на која ќе се разгледуваат жалбите на пресудата, 27, 28 и 29 мај. Поради поголемиот број на присутни, обвинети адвокати и јавност седницата ќе се одржи во големата свечена сала во Врховниот суд.  Во соопштението од аплациониот суд потенцираат дека седницата ќе се одржува согласно протоколот и мерките за спречување на Ковид-19.

Разгледувањето на жалбите беше првично закажано за крајот на март но судот ја одложи седницата, како што наведоа тогаш, во интерес на јавното здравје и превенција и бидјеки судот не бил во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки.

За насилниот упад во Собранието првично беа обвинети 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. 15 мина беа амнестирани во текот на процесот, а останатите првостепената постапка ја завршија со затворски казни од 7 години за Абдулфета Алими и 8 за Нинџа, до 18 за екс директорот на БЈБ Митко Чавков. Единствено Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Во кривичниот судво тек е судењето за организаторите на 27 април каде обивнети се поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјановски и екс функционерите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски. Иако беше осомничен за време на истрагата, поради тоа што е недостапен, не беше обвинет експремиерот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ