Жалбата на Чавков ја нема, адвокатот најавува кривична

Пред да влезе во судот добил закани од припадници на патриотските здруженија со кои била и ќерката на екс директорот на БЈБ Митко Чавков пријави во судницата, Александар Василевски Нинџа. Претходно кај обивнителката Русковска пак пријави дека во затворот добива закани од други обвинети предметот за 27 ми април. Чавков уште во судницата негодуваше а за  неговиот адвокат  вели нема закани обвинувањата не само што се не точни туку и ги кажува тој што си ја има мувата на капата.

-Видовте некој од семејството на Чаков пред да започне судењето? Сега да отидете, тие се наоѓаат во Лисиче и во Струмица, овде нема никој. Тоа е истото сценарио кое се повторува и поради кое некој доби 8 години затвор, а други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Будалаштина од најдолен вид, рече адвокатот Сашко Дуковски

– Утрово тој ги извести судиите дека некои лица му се заканувале при транспортот во судот. Судот тоа го забележа и останува на судот и на обвинителството дали нешто ќе се направи. Не би се мешале околу тој дел. Неговата безбедност не е во наши раце, за него одговара државата затоа што се наоѓа во притвор, рече адвокатот на Нинџа, Звонко Давидовиќ.

Адвокатот Дуковски најави кривична пријава, доколку не се пронајде жалбата против 18 годишната пресуда, која Чавков своерачно во затворот ја напишал на 60 страници. Вели тој лично ја видел жалбата, но до Апелациониот суд не стасала и не беше во предметот со сите останати жалби на адвокати и обвинети. Презенирајки ја својата жалба, Дуковски ја критикуваше амнестијата со која 15 обивнети од овој предмет се спасија. Тоа што на Чавков му се става на товар дека не издал наредба за дополнителни полициски сили во Собрнаието, адвокатот  посочи дека за тоа надлежно било СВР Скопје.

Одбраната бара укинување на првостепената пресудата со која добија 16 мината обвинети за терористичко загрозување нау ставниот поредок и безбедноста добија од 7 до 18 години затвор. Игор Дурловски доби ослободителна но за него се жали обивнителството.

Елена Ивановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ