
Зголемување на пензии и плати во буџетот за наредната година
Владата наредната година планира да потроши 3,9 милијарди евра.
Со новиот буџет од 1-ви Јануари ќе се зголемуваат пензиите од 700 до 730 денари а вкупното покачување до крајот на годината ќе изнесува од 850 до 900-тини денари.
Оваа мерка следува откако се зголеми минималната и просечната плата. Министерката за финансии заедно со премиерот на прес конференција ги најавија новите вложувања, најмногу во човечкиот капитал, односно здравство, образование и социјална заштита.
Најголем дел од буџетот- 3,6 милијарди ќе бидат собрани од граѓаните и од фирмите, дефицитот е планиран за 2,3% и ќе се финансира со задолжување во земјава и странство.
За аерозагадувањето , еден од најтешките проблеми со кои секоја есен и зима се соочуваат граѓаните, наредната година се предвидуваат 100 милиони денари, додавајќи дека од ЕСМ ќе бидат обезбедени и дополнителни 10 милиони евра за субвенции за инвертори.
Премиерот Заев подвлече дека овие пари се само дел од вкупните средства предвидени за намалувањето на загадувањето, бидејќи за истата цел посебни буџети имаат формирано и различни министерства.