Зголемен бројот на заболени од грип

Сезонскиот грип се шири со голема брзина, зголемувајќи го бројот на заболени на над 7000, јавуваат од Институтот за јавно здравје. Најголем број од заболените се деца до 4 години и лица над 65 годишна возраст.

Статистистиките покажуваат дека вкупниот број на случаи со грип регистрирани досега  го срушиле минатогодишниот рекорд. Епидемиолозите кажуваат и дека сезеоната на вирусот на грип годинава почнала две недели порано од вообичаено.

Најмногу заболени има во Струмица 1300 , по што следува Скопје со 1200 заболени , Гостивар 800  и Дебар во кој од сезонскиот грип се разболеле 520 луѓе.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ