
Зголемен бројот на повици во Итна помош и на мозочни удари
За дваесет отсто е зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош. Во текот на денешниот ден кога беше малку поинтензивна маглата најмногу има мозочни удари, а граѓаните се жалат и на главоболки, велат од Итна медицинска помош.
– Делумно малку е зголемен бројот на повиците. Во просек имаме околу 100 реализирани покани, а денеска тој број изнесува 120. Повиците се двојно зголемени, значи околу 200 до 300 повици во текот на денот. Во текот на викендот имало многу сообраќајни незгоди, веројатно поради намалената видливост или невнимание на возачите, истакна доктор Милица Бубало.
Таа препорача граѓаните да не излегуваат надвор кога е големо загадувањето на воздухот и кога има магла, а болните да ги почитуваат препораките од лекарите, да ја земаат редовно пропишаната терапија, да ги намалат физичките активности надвор и да престојуваат во просторија, каде се прочистува воздухот.