Зголемен бројот на бегалци во државата

Гевгеличанец вчера е фатен кај селото Прдејци со седуммина мигранти од Авганистан на возраст од 18 до 38 години во неговото „ сузуки свифт“. Во четвртокот жител на скопско Арачиново е фатен кај селото Смоквица со седуммина мигранти од Авганистан и Шри Ланка во неговиот “голф“. Речиси и да нема ден без информација во полициските билтени за откриени мигранти во автомобили и комбиња на криумчари, на пат кон северната граница.

Хуманитарката и активист Ленче Здравкин од Велес вели дека „Балканската рута“, иако официјално затворена, сеуште постои барем на мапите на мигрантите. Бројката на мигранти, според Здравкин, не е голема но е константна.

Министерот Спасовски смирува. Тој тврди дека нема опасност од нов бран на бегалци и повторување на бегалската криза. Сепак споредено со минатата година бројот на мигранти и обиди за илегален влез во нашата држава е зголемен.

Сепак тој откри дека на јужната граница полициските патроли неделно пресретнуваат над 500 мигранти кои сакаат да влезат во Македонија

Според високиот комесаријат за беглаци на ОН – УНХЦР расте бројот на мигранти и бегалци кои влегуваат од Турција во Грција.  Во септември над 23 илјади луѓе пристигнале во Грција што споредено со минатата година е за 17 отсто повеќе. Најмногу илегални преминувања има преку реката Марица која е долж границата на двете држави и со чамци преку Егејското море.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ