Згаснувањето на СЈО ќе го амнестира криминалот

Извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал за случајот ,, Рекет,, и Катица Јанева  стаса во Советот на јавни обвинители. Неизвесно е кога ќе се одржи седница на која треба да се одлучи за статусот на специјалната обвинителка и поведувањето постапка за нејзино разрешување. Се очекува да се расчистат и правните дилеми дали Советот има ингеренции да назначи или не вршител на должност на СЈО.

Обвинителката Лиле Стефанова упати повик до политичарите да не дозволат да згасне СЈО и да се стопираат сите истраги.

Правниците со различни толкувања за судбината на СЈО. Дел од нив сметаат дека Советот на јавни обвинители не може да именува В.Д јавен обвинител, други пак се повикуваат на член 1 став 2 од Законот за СЈО во кој стои дека за се што не е уредно со овој закон, ќе се применува Законот за јавно обвинителство и останатите позитивни прописи во Македонија. Ако со ова тело нема кој да раководи, автоматски ќе се стопираат сите истраги, а предметите ќе застарат, вели Маргарита Цаца Николовска.

Очекувањата се дека политичарите ќе го одолговлекуваат целиот процес, шансите за компромис се мали.

Се стеснува и просторот за маневр на партиите за новото законско решение за јавното обвинителство. Работните групи во понеделник повторно ќе се сретнат, а веќе во вторник владинот предлог закон ќе се најде на дневен ред на собраниска седница.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ