
Згаснаа четири животи во сообраќајка кај ресенско Крушје, патот е во прекин
Четворица загинати е билансот од тешката сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случи во непосредна близина на ресенското село Крушје, помеѓу две патнички возила со битолска регистрација и едно возило со охридски регистерски таблици.
Засега не се познати причините како трите автомобили се судриле, а околностите ќе ги расветли увидот на полицијата кој се одвива отежнато поради временските услови.
Од МВР ја потврдија информацијата и најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.
Патниот правец Ресен-Охрид и натаму е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по алтернативни селски патишта.