Зендели: Изборите се веќе договорени и не треба да се условуваат
Изборите се веќе договорена работа меѓу политичките партии и кај претседателот на државата и не треба да се условуваат со било какви донесувања на суштински закони, така како што рекол премиерот, изјави денеска пратеникот Фадил Зендели од БЕСА.
Владата задоцнува во реализирањето на својата програма. Задоцнува во доставувањето на многу проекти што требаше порано да се достават до Собранието и сега не треба да се бара некакво образложение во некои суштински закони за да се одложат изборите. Изборите треба да се одржат така како што се договорени политичките партии и во таа насока, и како Собрание и како Влада, сите треба да се движиме, рече Зендели во прес-центарот на Собранието.