
Земјотресот во Албанија се почувствуа во цела Македонија
Сеизмолошката опсерваторија во Скопје од 4 часот ноќеска ги регистрираше сите потреси на земјиштето во Албанија и во регионот. Раководителката на опсерваторијата Драгана Черних алармира граѓаните да останат смирени. Вели земјотресите не се предвидуваат, а тлото во регионов сеуште не е смирено.