
Земјоделците треба да се вмрежуваат и со други задруги, но и со Агро берзата
Земјоделците треба во својата дејност да гледаат бизнис, а во земјоделската задруга – поголема фирма во која се здружуваат заради заеднички интерес, советуваат агрономите. Игор Ивановски вели дека треба да се вмрежуваат и со други задруги, здруженија, но и со Агро берзата.
Драги Памуков, кој повеќе години е менаџер на задруга, пак, смета дека земјоделците имаат придобивки од задругите, но мора државата и понатаму да го поддржува и стимулира здружувањето во задруги.
Задругарството со години го промовира и државата како начин на унапредување и модернизирање на македонскиот аграр.
Сузана Мицева