
Земјоделците со ултиматум до власта- или решете ги проблемите или одете си
Тракторите полни со грозје, млеко, пиперки, јаболка, не стигнаа до Владата. Откако за влакно беше избегнат инцидент со полицијата, протестот на земјоделците од повеќе региони во змејава продолжи пред Владата.
Земјоделците и дадоа ултиматум на власта или да ги реши проблемите во земјоделството или да си оди. Побараа редовна и повисока исплата на субвенции и решавање на проблемот со откупот за земјоделските производи да не завршуваат во депонии.
Побараа и оставки, а главен транспарент им беше „Заев оди си“. Демантираа дека протестот има политичка задница. Извадија и партиска книшка од СДСМ.
Меѓу земјоделците и пензионери, студенти, млади земјоделци и гости. Велат биле во Скопје или специјално дошле со свои возила за да дадат поддршка на земјоделците.
Од министерството за земјоделство соопштија дека за две години се исплатени 315 милиони евра за субвенции за земјоделците. Вчера министерот Димковски рече дека не гледа прични за протест и дека се сомнева дека зад протестот стои опозициската ВМРО-ДпМНЕ. Лидерот пак на опозицијата Мицкоски рече дека стојат зад земјоделците и ќе дадат поддршка бидејќи власта води погрешна политика.
Земјоделците пак и дадоа рок од 7 дена на власта да седнат да разговараат за решавање на проблемите во земјоделството.Во спротивно најавија радикализација на протестите и блокади на патишта.
Александра Филиповска