
Земјоделците се сомневаат во зелената нафта
Земјоделците се сомневаат во проектот зелена нафта. Сметаат дека предвидените 62 литра зелена нафта за еден хектар колку што вети Владата, не се доволни за пољоделството. Законот се уште е во собрансика процедура, а печатењето на платежните катрички нема да заврши во текот на производната сезона.
„Тешко ќе стигнеме до тоа. Нас ни требаат 120 литри за хектар. Се најавуваат 60 000 картички за зелена нафта, а има 100 000 земјоделци“, кажа Мемет Синани – Национална федерација на фармери.
Трошоците за набавка на гориво се само дел од вкупните производни трошоци што ги имаат земјоделците. Нема ниту една земјоделска култура велат тие, што нема проблем со ниски откупни цени, и неорганизиран пласман на производите. Таков е случајот со пченицата, чии производни трошоци за големи парцели се 8,7 денари за килограм, а за мали парцели 11 ден за килограм.
„За граѓаните цените се високи, а за производителите се ниски. За пченицата, поголема е производната од продажната цена. Затоа баравме интервентен откуп и гарантирана најниска цена од 12 ден“, додаде Синани.
„За решавање на овој проблем со кој кубурат земјоделците, неопхподно е да се најдат нови пазари, дијалог со откупувачите, здружување во задруга“, кажа Васка Мојсовска – Национална федерација на фармери.
Субвенциите се многу значајни за земјоделството бидејки без нив велат фармерите македонското земјоделство не може да опстане.
Виолета З. Стојановска