
Земјоделците му дадоа “двојка” на министерството
Земјоделците не се задоволни како Министерството за земјоделие работело во периодот од 2013 до 2016 година. Дури 45 % од анкетираните 400 земјоделци од сите 8 плански региони, услугите на оваа институција ги оцениле со двојка а 19 % со единица. Оценките велат земјоделците се дури и подарени ако се знае колку лоша беше политиката што се водеше при доделување на државно земјиште, начинот на кои се даваа субвенциите
Дека земјоделците биле само формално вклучени во креирањето земјоделски политики покажува податокот дека едвај 3 % учествувале во работните групи а 87 % воопшто не знаат дека постојат годишни програми.Истражувањето ан невладината Рурална коалиција покажува дека ваквиот начин на работа на Министерството, резултирал со голема недоверба и незадоволство кај земјоделците.
За да се подобри оценката за работата на надлежното министерњство земјоделците бараат да се формира агробанка или фонд кој ќе стои зад нив при барањето кредит од банка и да се ревидира државното змејиште кое е веќе доделено на големопоседници а вистинските змјоделци останаа без земја.
Виолета З Стојановска