
Земјоделски смарт апликации врз база на агрохемиска анализа
Индивидуалните земјоделци но и земјоделските стопанства немаат навики да ги ѓубрат посевите според однапред извршени агрохемиски анализи на почвата, туку тоа го прават по сопствено убедување. Од земјоделскиот факултет при УГД велат дека и покрај тоа што во овој дел на земјата има традиција на правење на агрохемиски анализи на почвата, земјоделците се уште не ги имаат во својата редовна пракса пред ѓубрење.
Професорката Фиданка Трајкова вели дека овие предизвици на модерното земјоделство треба да се надминат и земјоделците да почнат да водат поголема сметка за тоа како ѓубрат и со кои пестициди се борат против штетниците.
За таа намена, изработени се и смарт апликациите кои што врз база на податоците од агрохемиската анализа даваат прецизни информации кое ѓубриво и кој пестицид се потребни на одредена култура.
Сузана Мицева