Земјата во близина на РЕК и старата индустриска зона – најзагадени со олово

Земјоделските површини околу селата во близина на старата индустриска зона во Битола и оние во непосредна близина на РЕК се најзагадени со олово.

До вакви резултати дојдоа ученците од битолската гиманзија „Јосип Броз Тито“ во истражувањето за присуство на тешки метали во почвата.

Мостри се земени од  19 села, а анализите покажале дека  концентрациите на олово се најголеми и над  дозволените вредности  кај   битолското село Поешево, кое е на неколку километри од градот, во близина на старата индустриска зона

-Тука е така  најверојатно поради индустрискиот дел на Битола и активностите на фабриките од минатото. Исто така, имаме повисоки концентрации на селата околу РЕК, а претпоставуваме дека е поради загадувањето од комбинатот,  вели Мите Ристов, професор од “Јосип Броз Тито“ вклучен во истражувањето. 

Истражувањето на учениците покажува повисоки  концентрации на олово во почвата    и во други села, но  не се  над доволеното.  Покрај олово, истражувано е присуство на манаган и хром, кои некаде се зголемени, но не ги надминуваат максималните концентрации

-Тешките метали штетно влијаат врз земјоделските култури, тие концентрации растенијата ги црпат во плодовите и ние ги внесуваме во органзимот. На тие локации каде имаме повисоки концентрации треба превентивно да се засадат култури кои што ќе  ги извлечат овие концентрации, вели Ристов.

Проектот е финансиски поддржан од Фондот за иновации, а во него беа вклучени двајца професори и 7 ученици од гиманзијата „Јоспи Броз Тито“.

Целата на ова истражување е да се види каква е сосотојбата на почвата помеѓу Рударско енергетскиот комбинат и градот и може да биде основа за покомплексни анализи на почвата во овој регион.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ