
Земени мостри од два камиони со РДФ отпад
Во десетина црни вреќи за ѓубре заврзани и подготвени за транспорт, чекаа примероците од РДФ отпадот којшто ќе се носи на испитување во Скопје и Естoнија. Екипата на Телма ги сними пред зградата на Царинската управата во Гевгелија, каде беше завршено земањето на примероците, а камионите повторно се затворија. Од царина велат дека двата камиони биле издвоени по случаен избор од вкупно 11 кои стигнаа на македонска страна, а четири останале во меѓуграничниот простор.
Од Царина велат дека последниот период имало почесто увоз на РДФ отпад во државата којшто е наменет за Цементарница Усје, но претпоставуваат дека причина е истекувањето на дозволата за увоз.
Министерството за животна средина, пак, информира дека целата акција е во насока на засилени мерки за контрола и проверка на отпадот што се увезува во државата, со цел да се проверува составот на отпадот што се узвезува. Резултатите од испитувањата треба да бидат готови за околу десетина денови.
Овој отпад е по потекло од Италија и пристигнува во земјавап реку Грција. Претсатвува алтернативно гориво кое содржи биоразградливи елементи.
Сузана Мицева