Земала па вратила 260 илјади евра, ама водителката Лила Стојановска данок не платила

Нереализираниот проект за изградба на домови за млади луѓе и донесе кривична пријава на водителката и доскорешна пријателка на Боки 13. Лила Стојановска е осомничена дека затајувала данок. Фирмата Дан Мак преку банкарски трансакции во летото 2017 и уплатила 260 илјади евра. Парите биле за идејата на Лила за домовите, која ветила дека за нивна изградба ќе обезбеди донација од Европската Унија од 3.580.000 евра. Немало ни донација, ни реализација па сопствениците на Дан Мак пријавиле. Сега финансиската полиција ја товари за затајување данок од околу 29 илјади евра.

Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија, велат од УЈП.

Телма контактирше со Стојановска но таа вели дека дополнителни информации ќе даде преку нејзините адвокати. КОД пак уште лани во септември објави дека Дан Мак и Лила потпишале договор за проектот со наслов „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“.

Според сведочењето на сопственичката на градежната фирма, Ена Норнилд таа била донесена во заблуда па една година подоцна поднела пријава за измама. Во пријавата навела и дека била и во простории на Боки 13 украсени со знаменца на Европската унија, поради што се уверила дека проектот ќе добие финансиска европска поддршка. Тоа не се случи па Стојановска ги вратила парите, а извори од УЈП за Телма велат дека на тој начин и направила обврска и на фирмата за да плати данок.

Дан Мак поднесе пријава за измама а обвинителството еднаш ја отфрли, но вишото ја врати на доработка. Инаку идејата многу наликуваше на онаа на Боки 13, другарот на Лила која на сведоечењето за „Рекет“ рече дека повеќе не се пријатели.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ