
„Зелената нафта“ влегува во владина процедура
Утре влегуваат во владина процедура измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои треба да се воведе „зелена нафта“, најави министерот Љупчо Николовски.
Согласно измените, државата ќе покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој регистриран земјоделец ќе добие платежна картичка за купување „зелена нафта“.
„Зелената нафта“ изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.
„Целта на измените е намалување на производните трошоци и поконкурентно производство“, беше ставот на МЗШВ, а така стои и во предлог-текстот.
Земјоделците, пак, кои по одлуката за зголемување на акцизата беа поделени во ставовивте, сега се единствени и го поздравуваат воведувањето на „Зелената нафта“. И тие сметаат дека оваа мерка значително ќе ги намали производните трошоци, што ќе значи поконкурентно производство.