Зеќир Рамчиловиќ предложен за нов потпретседател на Собранието

Владеачките партии ќе го предложат Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието.  Ваков предлог се очекува од СДСМ и ДУИ уште на денешната собраниска седница. Тој веќе го известил спикерот Талат Џафери дека ја напушта осумчлената Независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе дејствува самостојно.

Рамчиловиќ доаѓа на местото на поранешниот потпретседател Весел Мемеди, кој си поднесе оставка од функцијата пратеник, а исто така дејствуваше како независен пратеник надвор од пратеничка група. Рамчиловиќ е член на Здружението за културно обединување на Бошњаците – Аваз.

Потпретседатели на Собранието се и Горан Мисовски од НСДП и Фросина Ташевска-Ременски од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не го искористи своето право да даде предлог па во овој собраниски состав опозиција нема потпретседателско место во Парламентот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ