Здружението на судии со поддршка на Кривичен суд. Министерство за правда: судските постапки да се водат во разумен рок

И  Здружението на судиите му даде поддршка на кривичниот суд и ги осуди нападите на адвокатите.

-Управниот одбор на Здружението на судиите на РМ, на телефонската седница одржана на ден 08.01.2020 година расправаше за новонастанатата состојба во Основен Кривичен суд Скопје и во потполност се согласува со соопштените до јавноста од страна на истиот суд објавено на веб страната на судот и средствата за информирање, при што најостро ги осудува сите видови на напади врз независноста на судството, интегриететот на судиите и нападите врз работата на било кој друг орган од судска надлежност, истовремено повикувајќи ги сите процесни чинители на „воздржаност“ и целосно почитување на законот во однос на нивното постапување. стоои во соопштението на здружението

Управниот одбор уште еднаш ги осудува сите видови на опострукција на правдата и ги повикува сите надлежни институции во рамките на нивните надлежности да преземат конкретни активности во насока на обезбедување на принципот на владеење на правото и целосното функционирање на правната држава, додават од здружението на судии

Ставот на министерството за правда е судските постапки треба да се водат во разумен рок, со почитивање на правата на обвинетите но без злоупотреби на процесните права:

-Единствено судски постапки кои се водат во разумен рок со почитување на правата на обвинетите, судски постапки во кои не се злоупотребуваат процесни права и судски постапки во кои судиите судат врз основа на утврдени докази, а не под притисок на било кој, може да резултираат со судски одлуки кои ќе бидат основа на градење на систем заснован на правда. Од тие причини апелираме сите носители на јавни овластувања во судските постапки – судиите, адвокатите, обвинителите, да го почитуваат законот, а доколку дојде до негово прекршување – истото да биде санкционирано. Министерството за правда до сега не коментираше актуелни судски постапки и останува на тој став, почитувајќи го принципот на немешање на извршната во судската влас, велат од министерството.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ