
Здружението на судии бара да се судат само итните и неодложи предмети
Здружението на судии бара почитување на мерките на владата но и одлагање на рочиштата што не се итни и неодложни:
-“По претходно информирање на члeновите на Управен одбор од страна на Претседателот на Здружение на судиите на РМ, за реакцијата на дел од подружниците за потребата од доследно почитување на утврдените мерки од страна на Владата на РСМ, во однос на корона вирусот, Управниот одбор заклучи, Здружение на судиите да побара од Судски совет и Врховен суд на РСМ, да преземат соодветни мерки за целосно почитување на Мерките на Владата на РСМ преку конкретни активности:
1. Да се донесе одлука за одлагање на закажаните рочиштата,
2. Да се судат само итните и недоложни предмети,
3. За судиите кои ќе ги судат итните и неодложни предмети да се обезбедат соодветни мерки за заштита, согласно Протоколите утврдени од страна на Министерството за здравство и Владата на РСМ”, стои во известувањето од Здружението на судии