
Здружение на судии: Судските реформи не се во корелација со стратегијата за реформи
Здружението на судии денеска преку соопштение оцени дека актуелните законски измени за судската власт „не се во корелација со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и изразената определба за реален инклузивен пристап на судиите во овој процес.“
Во тој контекст, Управниот одбор на Здружението на судиите ги повикува и охрабрува Владата и опозицијата, да преземат законодавни активности кои во прв план ќе ги стават интересите на судиите, притоа креирајќи стабилни решенија кои ќе ја гарантираат судската независност и самостојност.
Целта на тој процес според здружението е обезбедување на квалитетна и ефикасна правда за сите граѓани.