
Здравствените власти го одложија „Мој термин“ на Детска клиника и во Козле
Луѓето кои имаат закажано посета на лекар на Детска клиника и во Козле, ќе мораат да почекаат најмалку еден месец за да тропнат на вратите на ординациите. Здравствените власти тоа го одлучиле на Комисијата за заразни болести. Оставаат простор да разговараат дали треба да ги откажат термините и во другите здравствени установи. Ова уследи по епидемијата која зема замав, а ги однесе и првите три жртви.
Здравствените власти и докторите се сретнаа на Националниот форум за здравство. Присутни беа и претставници на Светската здравствена организација. Во време на епидемија, не изостанаа прашањата за морбилите. Од Министерството за здравство одлучија за да го зголемат опфатот на имунизација да дозволат и шестмесечни бебиња да примат доза од вакцината МРП. Од Светската здравствена организација не одговорија дали таквиот чекор е оправдан, но кажа дека здравствената заштита во Македонија е на прав пат.
Министерот за здравство е оптимист дека може во скоро време уште повеќе да се засили имунитетот на населението против смртоносните сипаници. Не смее да се дозволи во иднина деца да не се примаат во градинка заради заразни болести – порача Филипче.
Моментално едно дете е во критична состојба поради компликации од морбили. Има тешко воспалување на белите дробови, а има и претходна дијагноза – церебрална парализа.
Петар Догов