Здравствените служби во Тетово ќе се зајакнат со дополнителен персонал

Пациентка од тетовски Челопек на возраст од 62 години почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што бројката на починати од Ковид 19 во Тетово и Тетовско достигна четири. Во изминатите 24 часа во овој регион нема регистрирано нов случај на коронавирус.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, кој беше во посета на Тетово заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски, истакна дека здравствените служби ќе се зајакнат со дополнителен персонал.

За поефикасно справување со пандемијата, со работа мора да продолжат и пунктовите во овој регион, истакна доктор Караџоски.

Вкупниот број на активни случаи на Ковид 19 на тетовското подрачје изнесува 29, како и едно позитивно лице од Радовиш кое беше во државен карантин во хотелите на Попова Шапка.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ