
Здравствените инспектори во надзор во болницата во Велес
Откако 78-годишне пациент пред 4 дена почина во Велес, неколку часа по одбивањето да биде оставен да лежи на инефктивното одделение- здравствените инспектори денеска беа во надзор во Велес. Надзорот се вршел во болиницата, во итната помош, а инспекција е планирана и за матичниот лекар. Роднини на починатиот кому 4 дена по смртта дојдоа позитивните резултати од тестирањето на Ковид 19, велат дека односот на лекарите бил дрзок и ги вратиле од болница затоа што во тој момент пациентот немал резултати од корона тестот. Роднините се жалеа и на односот на итната помош и сметаа дека станува збор за лекарска грешка. Директорот на велешката болница тврди дека болничкиот персонал презел се што е предвидено, а извештајот
По смртта почнатиот 78-годишен велешанец до денеска беше оставен во болничката мртовечница, а на крај е одлучено да не се врши обдукција. Директорката на здравтвено-санитарниот инспекторат Ирина Бухова за Телма потврди дека по медиумските објави одлучиле да направат инспекција. Покрај велешкиот случај, инспекторатот отпочнал инспекција и за постапките за смртта на 45-годишниот кумановец кој не можел да биде тестиран поради епидемиолошките анкети, а на крвното тетсирање на антитела бил негативен. Епидемиолошките анкети се составени од 15 прашања и според нив матичниот лекар одлучува дали ќе се тестира некој пациент или не. Мора да се развијат симптоми или да има близок контакт со веќе заболен за да се обезбеди тестирање на пациентот.
Во анкетата се уште стои прашањето дали лицето кое бара тест било во странство или се сретнало со лице во странство иако според министерот Филипче искусните матични лекари може да го сменат прашањето. Сите нови случаи се локална трансмисија односно локално пренесување на Ковид 19, потврдија претходно од здравство. Здравственото-санитарниот инспекторат денеска правел 30-тина надзори во повеќе институции низ целата држава, биле и во Велес, и во Демир Хисар, и во Битола, и на скопските пунктови каде се врши тестирање. Секаде се проверува дали здравствените работници имаат соодветна заштита, а овие надзори се вршат со акцент на здравствените работници бидејќи се повеќе има заболени меѓу медицинскиот персонал, не извести директорката на ДЗСИ Бухова. Претходно, се завршени вкупно 67 инспекции и во сите тие здравствени институции имало соодветна заштита за медицинските лица, тврди Бухова. Резултатите од денешните надзори ќе се знаат наскоро.
Миомир Серафиновиќ