
Здравствените инспектори едвај ги доставуваат решенијата за самоизолација на лица со потврден КОВИД 19
Со закани по живот, лица со потврден Ковид и нивни контакти одбиваат да заминат во самоизолација. Здравствените инспектори едвај им ги доставуваат решенијата – Најмал проблем понекогаш се пцовките и погрдните зборови кои им се упатени, отпорот оди дотаму што се принудени да побараат дури полициска асистенција. Граѓаните им даваат лажни адреси и телефонски броеви.