Здравствениот систем се уште ги крши правата на лицата со попреченост

Лицата со попреченост се соочени си низа дискриминации и кршење на човековите права во здравствениот систем. Токму затоа семејните лекари и медицинските лица ќе се обучуваат за да можатда стекнат дополнителни вештини и знаења кои што ќе им користат поквалитетно да ги услужуваат лицата со попреченост. Професор доктор Катерина Ствариќ која е координатор на центарот за семејна медицина при медицинскиот факултет вели дека семејните лекари треба да бидат адвокати на лицата со попреченост и да ги застапуваат нивните права во здравствениот систем.

Решавањето на овој проблем, според националното кординативно тело за имплементација на Конвенцијата на обединетите нации за правата на лицата со попреченост треба да биде на ниво на остварување на човековите права, а не како досега лицата со попреченост да бидат издвојувани во една категорија од целото граѓанство.

Државата е обврзана според Конвенцијата на Обединетите нации да создаде услови лицата со попреченост да бидат рамноправни граѓани и да бидат исполнети и почитувани нивните човекови права не само во здравствениот систем, туку во целото општество.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ