Здравев очекува Антикорупциска и Обвинителството да испитаат зошто Вангеловски ги задржувал предмети

В.д. претседателот на Врховен суд, Фаик Арлсани, потврди дека кога влегол во кабинетот на својот претходник Јово Вангеловски, затекнал 30-тина предмети кои стоеле во фиоките на Вангелосвки.

Во голем дел предметите биле решени, но по обновената проверка, еден од предметите било утврдено дека веќе извесно време е застарен.

Претседателот на судскиот совет, Киро Здравев очекува Антикорупциската комисија и Обвинителството да испитаат зошто Вангеловски основано или не, ги задржувал предмети, поради што се прекршени правата за судења во разумен рок.

Еве ги ставовите на Фаик Арслани, в.д. претседател на Врховен суд и на Киро Задравев, претседател на Судски совет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ