Завршни зборови во „Труст“, Сеад Кочан не чуствува вина

Првообвинетиот во предметот „Труст“ Сеад Кочан денеска во завршните зборови рече дека, покрај сувото  гори и суровото, посочувајќи дека не се чувствува виновен.

– Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам било кој закон, рече Кочан.

Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства, рече Кочан пред судот.

И обвинетиот Василије Авировиќ  во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.

-Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка, рече Авировиќ.

И Кочан и Авировиќ пред судот рекоа дека се приклучуваат кон завршните зборови на одбраната.

Почна судењето за „Труст“, завршни зборови изнесуваат обвинетите во овој случај.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ