
Заврши вештачењето на вториот телефон на Јанева, ЈО не споделува детали
Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, потврдија од Јавното обвинителство, но како што посочуваат, детали не можат да споделат.
По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 23-ти овој месец беше пронајден вториот мобилен телефон на Јанева.
Телефонот, како што соопштија од Обвинителството, бил пронајден со следење на ИМЕИ бројот со помош на мобилен оператор и лицето кај кое бил телефонот рекло дека го добило на подарок.