Заврши средбата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за законот за ЈО

Заврши средбата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за законот за ЈО. На средбата меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ, и Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ станало збор за можните решенија и одглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство. Најавени се предлози и забелешки од страна на ВМРО ДПМНЕ кои ги изработуваат стручните тимови по што се очекува и средба на работните групи кон крајот на оваа или наредната недела. Камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ