Заврши штрајкот во Грција, отворени граничните премини

Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење.

Граничните премини, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.

Поради штрајкот беа откажани многубројни авионски летови, во прекин беше движењето на фериботите и возовите, како и јавниот сообраќај.

Училиштата и болниците исто така беа затворени, а не работеа ниту медиумите. Штрајкот беше организиран од главните синдикати во земјата поради мерките за штедење.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ