Заврши расправата за измените во Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Заврши расправата за измените во Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман.

Според претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, поради фактот што имало премногу предложени говорници, одлучил да ја прекине расправата со образложение дека постои рок и дека и онака нема сите да дојдат на ред.

Комисиската расправа требаше да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.

На денешната расправа најмалку се дебатираше за поднесените амандмани, каде се заглави на вториот амандман од вкупни поднесените 401 амандмани. Расправата помина во тензична атмосфера, со навреди, многубројни паузи и несуштински дебати.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ