По координативната средба- лидерите на партиите воздржани

По шест часа заврши координацијата на државно-политичкиот врв .

Премиерот Зоран Заев изјави дека е оптимист дека може да се најде национален консензус за ова прашање. Тој рече дека овој процес бара одговорност и дека е неопходна вклученост на сите.

„Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Овој процес бара одговорност. Имаме цел да обезбедиме напредок и заштита на националните интереси. Неопходна е вклученост на сите“, рече Заев.

Тој додаде дека решение е можно ако има волја и од грчка страна. „Ние ќе продолжиме да преговараме“, рече Заев и додаде дека мора се внимава да не се наруши преговарачкиот процес. Премиерот, исто така, најави дека во иднина ќе се формираат работни групи за учебниците.

„Нема да ги коментирам грчките позиции. Јас сум оптимист дека може да се најде национален консензус за овие прашања“, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дeка Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните интереси.

„ Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција го води Владата. ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува на позицијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните  интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски. Според него, ваква средба требало да се случи порано.

Претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека сите вакви средби се неопходни. Информараше дека бил презентиран предлогот на Нимиц, но не скашае да открие детали.

„Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси и да не биде на штета на граѓаните, изјави Иванов.

Детали не откри ниту Али Ахмети за да не му наштети како што рече на процесот.

„Ова е почетокот на крајот на еден важен процес. Многу е важно Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО и актор на стабилност во регионот, рече Ахмети

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ