Заврши Конгресот на СДСМ – прифатени предлог листите за носителите на ИЕ

На вечерашниот 24 ти Конгрес на СДСМ, беше прифатена предлог програмата, како и предлогот за тандемски носители на сите Изборни единици. Престедателот Зоран Заев ги потврди имињата за носителите на листите, кои претходно поминаа на седница на ЦО.

Изборната единица 1, ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска.

Изборната единица 2, ќе ја води Оливер Спасовски во тандем со Сања Лукаревска.

Листата на Изборната единица 3, ќе ја водат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Зоран Заев останува носител на ИЕ 4, заедно со Соња Мираковска.

Изборната единица 5, ќе предводи Радмила Шеќеринска заедно со  Јован Митревски.

Во ИЕ6, според Заев ќе има најмногу разновидност, истата ќе ја води претседателот на БЕСА, Билал Касами заедно со координаторот на СДСМ, Фаница Николовска.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ