Заврши дијалогот „Жан Моне“ -техничките прашања усогласени, политичките пролонгирани

90 проценти од техничките прашања околу измените на деловникот се договорени, политичките се оставени за после изборите. Договорена е употребата на европското знаменце и носењето на законите по скратена постапка, но останува спорна употребата на новото име на државата и чиј да биде генералниот секретар на Собранието. Тие прашања ќе ги допрецизира следниот парламентарен состав.

Европратениците се задоволни од сработеното. Појаснија дека спорните прашања се оставаат за понатаму, за да не се злуопотребуваат во предизборната кампања.

За време на дијалогот, СДСМ се откажаа од барањето, седницата да се ограничи на два дена, а ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од идејата за дво-третинско одобрување на закони по скратена постапка.

Дијалогот „Жан Моне“ ќе продолжи и по изборите, но на друга тема.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ