
Завршени предмети се чувале во кабинетот на Вангеловски?
Премиерот Зоран Заев и денеска го повикува Судскиот совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарување на предметите. На фејсбук статус пиша : Ајде кажете ни кој тоа влијае врз судиите, зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиоките на бившиот претседател на Врховниот суд?
Претседателот на Здружението на судии Џемали Саити кој е и врховен судија во интервју за Телма потврди дека в.д претседателот Фаик Арслани затекнал таква состојба кога ја преземал функцијата од Јово Вангеловски но и дека за ова го известил судскиот совет.
Не можеше да каже за кои точно предмети станува збор но меѓу нив не е предметот за ексминистерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Саити вели дека не е невообичаено тоа што и по 6 месеци нема одлука за предметот Тенк бидејки се уште решаваат предмети од минатата година.