Заврши истрагата за Рекет, во делот за парите на Орце Камчев, делот за Меѓународниот сојуз се уште под истрага

Истрагата за Рекет е завршена, но само во делот поврзан со случајот Империја. Се уште се истражува пак дали Боки 13 ка ги рекетирал бизнисмените преку неговата невладина организација Меѓународен сојуз.

Ова за Телма го потврди обвинителката Вилма Русковска, но откако прв за крајот на истргата дозна самиот Бојан Јовановски. Точно на пладне беше донесен од затворот во шутка за да даде исказ пред обвинителката. Таму се задржа околу 40 тина минути, но распитот воопшто и не почнал. Проблем настанал кога Русковска му дала да потпише документ со кој се завршува истрагата. Според неговиот адвокат обвинителката се обидела да им подметне документ за крај на истрага, а тие не направиле ниту увид во доказите ниту пак Бојан Јовановски дал исказ.

Русковска пак тврди дека самиот адвокат е виновен. До сега ги известил само дека тој го застапува Бојан Јовановски но никогаш не побарал увид во доказите. За разлика од него адвокатката на Катца Јанева веднаш побарала и извршила увид. Сега тоа ќе го стори и одбраната на Јовановски по што се надева дека тој ќе добие шанса за исказ. Во меѓувреме неговиот адвокат се лути и за тоа што Боки 13 има сериозни здравствени проблеми, а до сега го носат само на амбулантско лекување. 

-Се работи за операционен зафат за намалување на неговиот желудник, а потоа има два неуспешни обиди за подврзување.

Инаку истрагата за случајот рекет е отворена попријавата на бизнисменот Орце Камчев дека му биле земени милин и пол евра а поврзани со случајот на СЈО Империја. За тоа сега е осомничена и спшецијалната обвинителка Катица Јанева, која утре по втор пат ке дава исказ, откако еднаш веќе беше повикана но како сведок. За тоа дали се рекетирало и преку невладината Меѓународен сојуз за сега се уште се истражува. Таму имаше сомнежи дека бизнисменот сиљан Мицевски бил приморан да плати 720 илјади евра за наводен проект кој никогаш не бил реализиран, но тој подоцна пред медиумите тврдеше дека тоа го сторил доброволно.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ