
Затворски казни за македонски државјани кои учествувале во ИСИС
Мирно и без реакции седуммината македOнски државјани борци на ИСИС ги слушнаа казните од 6 до 9 години затвор. Шестмина обвинети за војување во Сирија, Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Бујамин Фетон, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски, судот им изрече 6 -годишна затворска казна, а со највисока казна од 9 години помина Сефер Рамадани кој бил и припадник на Исламска држава и одговараше и за терористичка организација. Овие казни ги добија откако пред два дена на судењето признаа вина и ветија дека нема да прават нови кривични дела.
За учество во странска во војска предвидена е затворска казна од најмалку 4 години до максимум 15. Сепак адвокатите се незадоволни и најавуваат жалби. Очекувале судиите да ја ублажат казната под зкаонскиот минимум поради признаието на вина, но и затоа што пред да бидат донесени од Сирија во земјава биле веке во затвор.
Бараа и укинување на притворот со ветување дека нема да бегаат или дека имаат здравствени проблеми но судот ги врати во Шутка.
Според обвинителството за организиран криминал освен што војувале обвинетите собирале финансиски средства за лица кои учествуваат во овие паравоени формации, а преку социјалните мрежи повикувале, врбувале и поттикнувале и други борци.
Во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили , овие обвинети беа приведени и предадени на македонските власти во август минатата година, а обвиението беше подигнато во декември.
Елена Ивановска Мукоска